logo
logo
logo

НЕ И НОВО ПОСКАПУВАЊЕ, со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, соопшти Мицкоски

Vecer | 11.03.2026

НЕ И НОВО ПОСКАПУВАЊЕ, со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, соопшти Мицкоски

Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување, информираше премиерот Христијан Мицкоски  по средбата што се одржа попладнево во Владата.  

Преку објава на социјалните мрежи, премиерот нагласува дека нема да дозволат отстапувања и профитерство.

-Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа, напиша Мицкоски. 

Продолжуваме, порачува премиерот, да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. – Најважен е интересот на граѓаните, напиша Мицкоски.

Тој пред средбата изјави дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот и оти очекува во актуелната состојба на предизвици, сите да се однесуваат во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа, потенцира, се штити и бизнисот.

-Ќе разговараме отворено, како ние како Влада можеме да им помогнеме за да се одржи ценовната стабилност, да не дојде до драматично зголемување на инфлацијата, односно трошоците за живот. Очекувам во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа се штити и бизнисот. Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Трошоиците на мало се 1,6 отсто во февруари, што значи дека и базичната инфлација полека но сигурно се смирува. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со странските инвеститори во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk