logo
logo
logo

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ и најавува самостојно делување

Vecer | 23.06.2025

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ и најавува самостојно делување

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) објави дека излегува од досегашната коалиција со СДСМ и во иднина ќе делува независно на македонската политичка сцена. Стратегиската определба на партијата е создавање на нова "Зелена коалиција" во партнерство со граѓански организации.

Промените ги донесе Централниот одбор на ДОМ, со цел да се постави нова програмска насока ориентирана кон развој на еколошки, фер и инклузивни политики. "Кога процесите се затворени, потребно е самостојно и доследно политичко дејствување", наведуваат од партијата.

Во својата изјава, партијата изразува критика кон актуелниот политички амбиент и потенцира дека коалициите треба да се создаваат врз основа на вредности, а не само на партиски интереси. За претстојните локални избори, ДОМ најавува отсуство на формали коалиции со политички партии и соработка исклучиво со граѓански иницијативи и локални заедници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk