logo
logo
logo

Подобри услови и нова опрема: Гинекологија со повисок степен на акредитација

Vecer | 11.03.2026

Подобри услови и нова опрема: Гинекологија со повисок степен на акредитација

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), се наведува во соопштението од  Клиниката за гинекологија и акушерство, што МИА го пренесува интегрално.

Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години.

Во периодот помеѓу 2024 и 2025 година УК за гинекологија и акушерство спроведе постапки со кои се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките:

– инфраструктурни активности со кои дополнително се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките

– набавка на современа медицинска опрема со цел модернизација на дијагностиката и третманот на пациентките

– воведени се четири нови медицински процедури за третман на пациенки

– спроведена едукацијата на 36 здравствени работници

– беше возобновено училишето за психофизичка подготовка за бремените жени,

– на секоја трудница и е овозможено безболно породување со цел обезбедување поквалитетна и посигурна здравствена грижа за секоја жена.

Акредитацијата на здравствените установи, согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, претставува постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината.

Националните стандарди за акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологија на ISQ-ua (International Society for Quality in Healthcare) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа.

Главните цели на акредитација, се постојаното унапредување на квалитетот на работата, зголемување на безбедноста на пациентите, создавање на еднакви или приближни услови за пружање на здравствени услуги во целиот систем на здравствена заштита како и зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk