logo
logo
logo

Стоилковиќ: Овој ден нè потсетува на вредностите кои остануваат актуелни и денес – истрајност, посветеност, меѓусебна почит и заедништво

Vecer | 23.10.2025

Стоилковиќ: Овој ден нè потсетува на вредностите кои остануваат актуелни и денес – истрајност, посветеност, меѓусебна почит и заедништво

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога беше поставен камен-темелникот на еден идеал – стремежот кон достоинство, еднаквост и сопствено место меѓу народите. 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не е само историски настан, туку траен симбол на волјата за напредок и визија за иднината.

Овој ден нè потсетува на вредностите кои остануваат актуелни и денес – истрајност, посветеност, меѓусебна почит и заедништво. Тоа се темелите врз кои треба да ја градиме современата Македонија – како дом на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската или културната припадност.

Нашето повеќе етничко и повеќе културно општество е наше најголемо богатство. Да продолжиме да го негуваме заедничкиот живот, дијалогот и заемната почит, затоа што само така можеме да создадеме стабилна и праведна заедница, достојна за генерациите што доаѓаат.

Во оваа прилика, упатувам честитки до сите граѓани по повод Денот на македонската револуционерна борба. И уште еднаш, нека овој ден нè потсети дека иднината ја обликуваме сите заедно – со разбирање, соработка и заедничка надеж. Честит празник!, порача во својата честитка вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk