logo
logo
logo

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ АПСЕЊА: Знаете до пред 4-5 години какви битанги, бараби и банди, хараа низ Македонија (ВИДЕО)

Vecer | 12.02.2026

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ АПСЕЊА: Знаете до пред 4-5 години какви битанги, бараби и банди, хараа низ Македонија (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неколку правни субјекти се под постојан надзор во рамки на активностите поврзани со производството и контролата на канабис, нагласувајќи дека очекува да бидат откриени уште значителни количини.

„Неколку други правни субјекти се под постојан надзор. Не случајно кажав дека неколку десетици тони ќе бидат откриени и дека може до сто тона да дојдеме“, рече Мицкоски кој што го повтори ставот дека одгледаната марихуана не може да се употреби за изработка на масло од канабис кое ќе биде со соодветен квалитет за да може да се пласира на пазарот.

Тој додаде дека лицата кои, како што рече, се занимавале со незаконити влијанија веќе се процесуирани и се наоѓаат зад решетки, а најави дека ќе следуваат и нови постапки.

„Оние битанги кои се занимаваат со овие незаконити дејствија, најголемиот дел веќе се зад решетки. Има уште некои кои ќе се најдат таму. Работата со криминалот е неисплатлива професија и ќе биде жестоко санкционирана. И нема да има пардон додека јас ја предводам владата. Знаете до пред 4-5 години какви битанги и бараби, и банди, хараа низ Скопје и низ Македонија, фала му на Бога сега тоа го нема и тие се таму кај што се“, додаде Мицкоски прашан дали ќе се реактивира меѓуресорското тело за контрола на дроги кое е веќе формирано и функционирало до 2017 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk