logo
logo
logo

Бесплатен јавен превоз за средношколците за време на летниот распуст

Vecer | 11.06.2025

Бесплатен јавен превоз за средношколците за време на летниот распуст

Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука… соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.

ЈСП Скопје информира и дека од утре (11 јуни) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред и оти на веб-страницата www.jsp.com.mk е достапен распоредот на сообраќање на автобусите на сите линии (градски и приградски) и согласно тој возен ред е достапен планерот на новата веб-страница

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk