logo
logo
logo

Судот го забрани најавениот штрајк од страна на синдикатот на контролори на летање

Vecer | 16.10.2025

Судот го забрани најавениот штрајк од страна на синдикатот на контролори на летање

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донел решение со кое се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје.

Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои , како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.

М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk