logo
logo
logo

Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија, НОВИ 1.000 РАБОТНИ МЕСТА И ИНВЕСТИЦИИ ДО МИЛИЈАРДА ЕВРА

Vecer | 22.10.2025

Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија, НОВИ 1.000 РАБОТНИ МЕСТА И ИНВЕСТИЦИИ ДО МИЛИЈАРДА ЕВРА

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно соопшти дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“.

-Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, информираше премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари.

Бурсток има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор, посочува премиерот.

Со овој чекор, Македонија очекува значајно зајакнување на својот индустриски капацитет и отворање на стотици високоплатени работни позиции за домашни стручни кадри, како и приближување кон стратешки инвестициски проекти во одбранбената индустрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk