logo
logo
logo

ПРЕВЕНТИВНА РЕАКЦИЈА НА ВЛАДАТА - Продолжена кризната состојба за да се избегнат ценовни шокови

Vecer | 17.07.2026

ПРЕВЕНТИВНА РЕАКЦИЈА НА ВЛАДАТА - Продолжена кризната состојба за да се избегнат ценовни шокови

Владата на денешната седница донесе одлука со која кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати се продолжува за уште три месеци, односно до 21 октомври.

Од Владата соопштија дека со ова се обезбедува континуитет во институционалното постапување и можност за навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

„Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати“, соопшти Владата.

Според Владата, целта е државата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со што ќе се зачува стабилноста во снабдувањето, ќе се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и ќе се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството.

„Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати“, наведуваат од Владата.

По завршувањето на владините процедури, одлуката ќе биде доставена до Собранието на разгледување и усвојување, согласно законските надлежности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk