logo
logo
logo

НЕМА ВЕЌЕ ТРОШЕЊЕ ДРЖАВНИ ПАРИ НА ХЕДОНИЗАМ ВО МОЗ! Стоилковиќ спроведе ред!

Vecer | 20.05.2025

НЕМА ВЕЌЕ ТРОШЕЊЕ ДРЖАВНИ ПАРИ НА ХЕДОНИЗАМ ВО МОЗ! Стоилковиќ спроведе ред!

Дека расфрлањето со народните и државни пари е минато, има и потврда од МОЗ, кое на чело со новиот министер Иван Стоилковиќ и раководство работи домаќински. Така, ако во минатото ова министерство беше симбол за вулгарно трошење и играрии, сега очигледно е за одговорно работење. Нема повеќе расфрлање со народните пари на хедонизам, а фокусот веќе една година не е на трошоци за ќебапи и скапи ручеци, како и играње игри, па наместо да се трошат парите од граѓаните сега се работи за унапредување на сите заедници во земјава.

Доказ за тоа, како што пишува на својот Фејсбук-профил, заменик-претседателот и министер Стоилковиќ, е што за еден месец се потрошиле само 14 000 денари на ставка угостителски услуги на утврдениот Буџет, сума која е најмала од сите останати. Но уште поголем доказ е фактот дека до денешен ден од почетокот на годината Министерството од вкупната сума по ставка на утврдениот Буџет потрошило само 6.23 % од вкупно одобрените средства на ставка за угостителски услуги.

Колку за илустрација, во минатото само околу 40.000 евра биле потрошени за нарачки на храна од две ќебапчилници во периодот кога со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците раководеше Артан Груби.

Според податоците од Бирото за јавни набавки кои излегоа во јавноста на почетокот од годинава, во 2023 година Министерството спровело тендер за угостителски услуги, на кој биле избрани две компании секоја по 1.180.000 денари (приближно 20.000 евра). Најголемиот дел од средствата – 944.000 денари – биле доделени на компанијата „Пчела Ш.Е.Љ.“, која управува со ќебапчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија.

Според достапните информации, „Пчела“ испорачала храна во вредност од 532.037 денари, додека втората избрана фирма, „Далма кетеринг“, не реализирала ниту една фактура од предвидените 220.000 денари. Министерството ги затворило тендерските обврски и ги пријавило како реализирани на 18 април 2023 година, само шест дена пред првиот круг од изборите. Тендерот бил склучен на 15 март истата година и требало да заврши најдоцна на истиот датум, но наместо тоа, зделката била официјализирана еден месец подоцна.

На 21 април 2024 година, на три дена пред избори, бил склучен нов договор на истата сума од 1.180.000 денари помеѓу Министерството и „Пчела“. Неколку месеци подоцна, на 14 јуни, биле исплатени две сметки до истата фирма, во износ од 41.660 денари и 16.852 денари, за вкупно 150 порции телешки ќебапи.

Стоилковиќ тогаш најави ревизија на трошоците во Министерството, но и домаќинско работење, што впрочем се гледа и од наведеното.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk