logo
logo
logo

Тошковски најави и одземање на возилото и глоба за возачот

ЌЕ БИДЕ ГОНЕТ ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СПАСИ ОД КАЗНА БРАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА

Vecer | 28.04.2025

ЌЕ БИДЕ ГОНЕТ ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СПАСИ ОД КАЗНА БРАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок.

– Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за внатрешни работи со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од Министерството за внатрешни работи – изјави попладнево Тошковски.

Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.

– Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност – рече Тошковски.

Опозициската СДСМ денеска обелодени дека на 20 април на булеварот Александар Македонски во Скопје, полицијата со радар фатила возило со преголема брзина кое било управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба и дека полициските службеници не го казниле по наредба на началник во МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk