logo
logo
logo

7 лица добија КРИВИЧНИ ЗА УБИСТВОТО НА БУЊАКУ - МВР го разреши пукањето на паркингот во Чаир

Vecer | 11.03.2025

7 лица добија КРИВИЧНИ ЗА УБИСТВОТО НА БУЊАКУ -  МВР го разреши пукањето на паркингот во Чаир

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „убиство“, против Н.Г.(39) и К.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

„На 10.02.2025 во Скопје на паркинг простор на подрачје на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Х.Б.(35), второ, трето и седмопријавениот, од една страна и прво, четврто, петто и шестопријавениот и Н.М.(31), од друга страна, која преминала во вооружена престрелка, во која првопријавениот со пиштол испукал неколку проектили и ги погодил Н.Д. и Х.Б.. Од здобиените повреди, Х.Б. починал на место. По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот се здобил со повреди, а од проектилите биле оштетени и неколку паркирани возила. Потоа, второпријавениот со друго лице го однеле починатиот во Градската општа болница Св. Наум Охридски, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата. Набргу, по пријавување на настанот, по преземени мерки од слобода биле лишени учесниците во настанот, додека по негово целосно документирање е поднесена пријавата“, соопшти денеска МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk