logo
logo
logo

ЗАБРАНЕТИ УШТЕ 42 НЕЛЕГАЛНИ WEB СТРАНИЦИ ЗА КОЦКАЊЕ , 268 се затворени досега

Vecer | 23.07.2025

ЗАБРАНЕТИ УШТЕ 42 НЕЛЕГАЛНИ WEB СТРАНИЦИ ЗА КОЦКАЊЕ , 268 се затворени досега

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потпиша трет налог за забрана на онлајн игри на среќа.

– Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените – објави Андоновски.

Тој повторно ги повика граѓаните да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри на среќа.

Новиот Закон за игри на среќа, дополнително ќе се справува со сеприсутното рекламирање и лажното претставување на приредувачите на игри на среќа, додаде министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk