Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров оцени дека Преспанскиот договор бил злоупотребен во домашните политички дискусии и дека начинот на кој бил претставен во јавноста не бил најсреќен.
Тој посочи дека договорот бил претставен како неопходно зло што треба да се прифати за државата да напредува кон НАТО и Европската Унија, наместо повеќе да се истакне моментот на помирување со Грција и признавање на нашето право да се идентификуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.
Дури и кога се користи изразот промена на името, често од членовите на поранешната влада или во критиките од опозицијата, треба да се има предвид дека и во Република Македонија и во Република Северна Македонија, името Македонија е основата и останува дел од идентитетот на државата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата