logo
logo
logo

Британскиот амбасадор во Скопје

НИТУ ИМАЛО ДОГОВОР, НИТУ ИМА ПРЕГОВОРИ ЗА МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 07.03.2026

НИТУ ИМАЛО ДОГОВОР, НИТУ ИМА ПРЕГОВОРИ ЗА МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти.

Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел.

Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на стратешката соработка меѓу двете земји, можностите за визна либерализација, како и на евроинтеграциите и потенцијалната улога на Лондон во дијалогот меѓу Скопје и Софија. Целиот разговор со британскиот амбасадор Лосон, во емисијата „Европат”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk