Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, излегува од притвор и ќе се брани од слобода. Тој помина 1 година во притвор, по што Кривичниот суд прифатил гаранција обезбедена со хипотека на имот со што тој повеќе нема да биде притворен и излегува од затворот Скопје.
Васев е обвинет за периодот во кој раководеше со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, заедно со тогашниот економски директор Нехат Нухи, за злоупотреба на службената положба и овластување и проневера во службата, според обвинението сторени од 2018 до 2022 година.
Обвинителството тврди дека во постапките за јавни набавки за терапија за болните од рак, се набавувале лекови на реверс без да постои законска основа, со што Фондот за здравствено осигурување бил доведен во заблуда.
ОЈО ги товари двајцата поранешни директори и за наводно фиктивно раздолжување на лекови, поточно, дека наводно лековите не биле аплицирани кај пациенти а биле раздолжувани на хартија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата