logo
logo
logo

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА СО БУГАРИЈА, само мекотели коленичари како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

Vecer | 23.04.2026

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА СО БУГАРИЈА, само мекотели коленичари како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека по парламентарните избори во Бугарија се слушнал со Румен Радев и му ја честитал победата и ја истакнал заложбата за дијалог и добрососедски односи.

„Јас следниот ден му се јавив на Радев, му честитав бидејќи треба да се почитува волјата на граѓаните, таа беше недвосмислена, јасна, така што посакувам успешен мандат, посакувам и тогаш и сега добрососедски односи. Ние сме секогаш подготвени за дијалог, ние сме подготвени да разговараме, да го надминеме оној спор којшто не знам од каде се случи, иако нивната официјална позиција е дека постои некаков предлог што бил прифатен од претходната Влада, и дека е доволно за да кажат тие дека нашле решение, јас не мислам дека е тоа доволно, затоа што ако било доволно, досега ќе се решело, така што јас сум подготвен да седнам, да разговарам, и да најдеме одржливо решение кое на долг рок ќе значи интеграција на Македонија во рамките на ЕУ, процес од кој најмногу би добила соседна Бугарија“ – рече Мицкоски.

Во однос на тоа дали ќе понудиме креативни решенија, Мицкоски рече дека тие континуирано нудат речиси две години откао се на власт.

„Ние нудиме креативни решенија континуирано овие две години откако сме Влада. Континуирано бараме средби, разговараме со нашите партнери во Брисел. Малку сме, како да кажам во една дилема, бидејќи кога ќе побараме преку нашите партнери во Брисел билатерална средба, тие велат нема што преку Брисел, треба директно да разговараме. Кога велиме, добро ајде директно да разговараме, тие велат ова е европски предлог. Една хаотична конфузна состојба, но тоа кое ние треба да го препознаеме е дека ние прво дома треба да си ја завршиме нашата домашна задача. Кога велам нашата домашна задача, тоа значи да си ги направиме реформите кои се поврзани со реформската агенда, да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. И во таа смисла од последниот извештај, што очекувам многу скоро да биде објавен од страна на Европкста комисија, имаме исклучително голем напредок во испораката. Буквално континуирано работиме со колегите од Владата за да ги исполниме тие индикатори кои што се дел од индикативната листа содржана во реформскиот план. И тоа зависи од нас и не зависи од никој друг“, истакна Мицкоски.

Тој дополни дека неопходна е работа на полето на реформите, наместо коленичење и потпишување на бели листови хартија.

„Ако мислиме дека по линија на помал отпор ќе поминеме со тоа што ќе бидеме снисходливи, ќе коленичиме, ќе потпишуваме бели листови хартија, така далеку нема да стигнеме. Знам дека е тешко, проблеми има многу, знам дека трпението е се помало, знам дека и граѓаните се нестрпливи, логично е, поминати се децении, за жал поминати се многу политички елити кои што своите политички мандати ги завршуваа со многу сомнежи за криминал, корунеуспех и слично, но суштината на нашата работа е токму таа, проблемите да се решаваат, да не се создаваат нови. Ќе треба време, точно, но јас не можам да ветам дека ќе прифатам тоа што е спротивно и на моите убедувања и спротивно на тоа во кое што верувам, затоа што мислам дека тоа што го направи претходната влада, преставува историски најголемата капитулација која што некогаш некој можеше да ја направи за македонскиот народ.“, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот посочи два примери кои според него се само потврда на блокадите со кои се соочува државата.

„Ние со нашите партнери работевме на изработка на Акцискиот план за малцинства. Како тие рекоа во Брисел, така ние работевме, со експерт од Стразбур за човекови права, буквално целиот процес го работевме како што бевме советувани. Една земја членка го блокира. Тоа е повторно нашиот источен сосед. Тој Акциски план ни е потребен, еве утре да одлучиме да влеземе во уставни измени, доколку тој документ не биде усвоен ние повторно не можеме да продолжиме со преговорите. Тоа е само уште еден индикатор дека ова не е последно. Само политичари кои водеа егзибиционистички и лековерни политики мислеа дека на тој начин ги решиле работите. Не е така. Еве ќе ви дадам втор пример. На покана на нашите стратешки сојузници САД поднесовме апликација за асоцијативно членство во иницијативата „Три мориња“ и таму сме повторно од страна на Бугарија блокирани. Не е работата наивна. Само наивни и мекотелни политичари мислат дека со тоа што бел лист ќе потпишат, или ќе клекнат на колена ќе ги решат работите. Не е така. Го слушав претседателот на СДСМ во ова студио, вели „ние сме ги провоцирале Грците и Бугарите“. Ништо не сме направиле.

Со што ги провоцираме? Со тоа што градиме гасовод со Грција? Со тоа што зајакнуваме преносни линии? Со тоа што направивме нафтовод кој што две децении беше цефка која што рѓосуваше, па сега ни ја поврзува рафинеријата со солунското пристаниште? Со тоа што го одглавивме коридорот 8 кон соседна Бугарија и ќе ја модернизираме во западниот дел? Ние не провоцираме никого. Не е провокација ако се борите за вашиот идентитет и став, тоа е принципиелен однос“, појасни Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk