logo
logo
logo

Изет Меџити се сретна со конгресменот Пит Сешнс

“БЛАГОСЛОВЕНИ сме со пријателството и поддршката од САД“

Vecer | 05.02.2025

“БЛАГОСЛОВЕНИ сме со пријателството и поддршката од САД“

Првиот вицепремиер Изет Меџити, за време на неговата официјална посета на Соединетите Американски Држави, оствари суштинска и значајна средба со американскиот конгресмен Пит Сешнс, член на Републиканската партија и Претставничкиот дом на САД.

На оваа средба се дискутираше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и САД, со посебен фокус на можностите за продлабочување и проширување на соработката во области од заемен интерес.

Првиот заменик-претседател на Владата нагласи дека поддршката од САД отсекогаш била и останува клучна за демократскиот и евроатлантскиот развој на Македонија.

– Од претходните официјални средби и посети, но и од оваа сегашна, сфатив дека сме благословени со пријателството и поддршката од САД. Односите меѓу Северна Македонија и САД ќе се интензивираат во интерес на граѓаните и нашите општества – изјави Изет Меџити.

Тој ја искористи можноста во име на граѓаните и институциите на Северна Македонија да изрази благодарност за постојаната и континуирана поддршка од Соединетите Американски Држави кон нашата земја.

Оваа средба е дел од ангажманите на првиот заменик-претседател на Владата за зајакнување на стратешките партнерства и унапредување на интересите на Северна Македонија на меѓународната сцена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk