logo
logo
logo

Заев и Филипче должат одговори

ДАЛИ ДОГОВОРИЛЕ ПРОЦЕНТ од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Vecer | 11.04.2026

ДАЛИ ДОГОВОРИЛЕ ПРОЦЕНТ од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година.

4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен Дака да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои Дака и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во детали, рече Петрушевски и праша:

„Затоа, СДС, Заев и Филипче се должни да одговорат дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра“?

-Кога станува збор за криминал и корупција, СДС, Заев и Филипче се спремни да направат се, само да го наполнат сопствениот џеб. ЈО мора да ги истражи овие сомнежи, потенцира Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk