Новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас го коментираше синоќешното скандалозно гостување на екс претседателот Стево Пендаровски на МРТВ, кој не така одамна, за време на Шарената револуција од говорница, народот го нарече - стока.
„Го гледам Стево Пендаровски кај Васко Попетревски, платен последниве години милион евра од соросоидите и од МРТВ, како спремаат враќање на власт за СДСМ и наведениот лик Стево“, пишува Латас.
„Прво, ме чуди што Пендаровски е сеуште во Македонија откако најави дека ʼда не е претседател би се отселил од државава…ʼ а он еве и понатаму е овде.
Значи, не треба да му се верува на збор.
Второ, Пендаровски чека опозицијата да создаде нова ʼшарена револуцијаʼ па дури потоа да го викнат да им биде шеф. Богами, ќе се начека.
Трето, Пендаровски сам кажува дека трагедијата со ʼСевернаʼ и создавањето на СЈО се главна причина за падот на СДСМ и ДУИ а токму тоа се и главните производи на ʼшарената револуцијаʼ која тој ја очекува. Мега корупцијата не ја спомнува, таа му доаѓа како воен плен на заевистите по ʼреволуцијатаʼ.
Што може да се очекува по нова ʼшарена револуцијаʼ?
Па секако спроведување на бугарското вето и федерализација на Македонија со дводомно собрание. И, нормално, нова мегакорупција како воен плен.
Проекти за железници, автопатишта, нови болници, раст на економијата кој е дупло поголем од европскиот просек што гледаме сега, тоа за шарените и Пендаровски не е тема.
Не пријатељу, тој филм нема да го гледаш. Тоа е како Германците јавно да повикуваат нов Хитлер за да се врати моќта на државата.
Ни нов Хитлер, ни нови Заев и Пендаровски на власт нема да има.
Замислете го Стево П. како, повторно, држи говор пред влада и, повторно, говори дека народот е стока а тој ʼстокатаʼ треба да ја води во Европа – на сточен пазар, на кланица“, заклучува Латас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата