Премиерот Христијан Мицкоски денеска очекува да го добие извештајот од страна на институциите, кој треба да се анализира, а потоа од страна на Владата ќе се дадат конкретни мерки со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните и да не зголемуваат цените на прехранбените производи.
- Очекувам да го добијам извештајот и да го анализираме овие денови многу внимателно и дури тогаш ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие овој пат да бидат микротаргетирани. Но она што е важно е дека врз основа на нашите пресметки, не знам дали Регулаторната комисија за енергетика излезе со нивните пресметки, бензините 95- и 98-октански треба да поевтинат за еден и пол денар, а дизелот треба да поевтини за два и пол денари за литар. Едните да бидат 82-84 денари, а дизелот да биде 95,5 денари и на ова треба да се додадат и попустите што ги нуди „Окта“, два денара за литар на бензините и три денари за литар на дизел-горивата. Со тоа ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на нафтата, нафтените деривати, односно на дизел-горивото и на бензините - рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата