logo
logo
logo

Николоски на состанок со раководството на УНЕСКО во Париз

„Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и се носеле одлуки на штета на жителите на Охрид и Струга“

Vecer | 25.06.2025

„Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и се носеле одлуки на штета на жителите на Охрид и Струга“

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во работна посета на Франција, денеска одржа состанок со раководството на УНЕСКО.

Николоски истакна дека заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро е приоритет и тие мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга.

- Мора да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета пред се на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени. Свесни сме дека одредени извештаи се во напредна фаза на подготовка, но исто така со голема проактивност работите ќе се менуваат во годините што се пред нас, вели Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk