По долгиот период на променливо време, Македонија конечно влегува во зона на летни температури. Под влијание на значително потопла воздушна маса која доаѓа директно од југ, односно од Африка, во следните денови нè очекува првиот вистински летен бран за оваа сезона, прогнозираат метеоролозите.
Најизразен пораст на температурите ќе се почувствува за време на викендот, кога во централните и југоисточните делови од земјава термометарот ќе достигне и до 30 степени. Промената ќе биде видлива и во утринските часови, студените утра, мразот и сланата стануваат минато, а денот ќе го започнуваме со значително потопло време.
Овој топлотен бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров, носејќи летен амбиент и стабилност по долгиот период на свежо време.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата