logo
logo
logo

ПОЧНА УПИСОТ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, најмногу слободни места за стручното образование

Vecer | 12.06.2026

ПОЧНА УПИСОТ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, најмногу слободни места за стручното образование

Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. 

Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, првото е од 00.00 часот на 12 јуни до 23.59 часот на 15 јуни, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување - на 20 август.

Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk