„Чест и сила” – Првата пешадиска бригада, клучниот столб на македонската Армија. Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада!, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
- Поставувајќи високи стандарди и цврсти вредности, Првата пешадиска бригада секојдневно ја исполнува својата обврска кон заштита на Македонија, поддршка на македонските граѓани при природни катастрофи, развој на интероперативноста и зајакнување на колективната одбрана на Алијансата. Горди сме на храброста, професионалноста и посветеноста на припадниците кои секојдневно го штитат мирот и безбедноста на македонските граѓани.
На Денот на Првата пешадиска бригада уште една одлична информација за македонските граѓани! Денеска е објавен новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во македонската Армија. Повик до сите млади граѓани на возраст од 18 до 25 години, да ја искористат оваа можност и да станат дел од македонската Армија во која тимската работа, дисциплината, личниот развој, и пред сѐ грижата за татковината е на прво место
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата