logo
logo
logo

Законските измени за УКИНУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА на пленарна седница

Vecer | 29.04.2026

Законските измени за УКИНУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА на пленарна седница

Собранието на денешната 98. пленарна седница ќе ги започне клучните законски измени со кои се става крај на ерата на „Пржинската влада“. Главната цел на предлог-законот е целосно укинување на моделот на техничка влада, кој беше воспоставен како привремено решение за излез од политичката криза во 2015 година.

Според образложението на заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, овој модел веќе ја изгубил својата првична намена. Со новите измени се планира воспоставување на стабилна правна рамка која ќе гарантира фер избори преку редовните институции, со што ќе се заштедат јавни финансии и ќе се зајакне демократскиот легитимитет на извршната власт. 

„Со овој закон се елиминираат привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото и се создаваат услови за зајакнување на институционалната стабилност. Целта е да имаме Влада со полн легитимитет која ќе ги спроведува изборните процеси“, истакна Јаќимоски.

Истовремено, на дневен ред се и измените на Законот за пратеници, со кои се предвидува пратениците во македонското Собрание да можат да имаат само едно државјанство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk