Дали на Зоран Заев му бил ветен процент од продажбата на станови во Тетово? Дали е точно дека на Заев му бил ветен удел од продажбата на станбените единици што прорускиот бизнисмен Дака планирал да ги гради во Тетово, проект вреден околу 200 милиони евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Покрај наводните 4 милиони евра, за кои Дака тврди преку аудио снимки објавени на социјалните мрежи дека биле дадени како поткуп, дали Заев требало да добие и дополнителен процент од продажбата на околу 2.000 станови?
Дали токму поради тоа СДС и ДУИ, веднаш по формирањето на владата во 2020 година, направиле измени во деталниот урбанистички план во Тетово, со цел да му се овозможи на Дака реализација на овој градежен проект?
И додека СДС и Филипче не даваат конкретни одговори во врска со Заев и поткупот од Дака, Заев инвестира во плантажи во Африка.
И покрај сите скандали, СДС и Филипче сè уште не се дистанцираат од Заев.
Неопходна е одговорност и секој кој го прекршил законот да одговара. ЈО и надлежните институции да го испитаат овој случај“, се вели во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата