logo
logo
logo

Царинската управа со приход од над 12,6 милијарди денари: Пофалби и за Управата за јавни приходи

Vecer | 01.08.2025

Царинската управа со приход од над 12,6 милијарди денари: Пофалби и за Управата за јавни приходи

Царинската управа забележа приходи од над 12,6 милијарди денари за еден месец, што претставува рекорд во историска смисла, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој на новинарско прашање поврзано со приходите на Царинската управа, кажа дека главните два потока со кои се полни Буџетот се приходите кои доаѓаат токму од Царинската управа и од Управата за јавни приходи, и оти заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска имаат личен фокус на работењето на овие институции.

– Царинската управа успеа да забележи приходи од над 12,6 милијарди денари. Тоа претставува рекорд во историска смисла што не се случил никогаш од кога постои. И покрај одредени високи пикови на горивата и нафтените деривати во минатото и покрај просечната цена што ја имаат приходите од акцизата кои што се помали, бидејќи тие ја следат цената на нафтата и нафтените деривати, Царината успеа да забележи повеќе од 10 милиони евра повеќе од минатата година. Лани во јули беше прв месец на новиот менаџмент на Царината и стигнаа негде блиску 12 милијарди, оваа година натфрлија 12,6 или нешто над тоа – рече Мицкоски по посетата на реконструираната Kлиниката за уво, нос и грло.

Премиерот ја пофали Управата за јавни приходи, која што има наплатено милијарда повеќе од истиот месец минатата година.

– Истото се случува и во Управата за јавни приходи која што има наплатено милијарда повеќе од истиот месец минатата година, некаде околу 960 милиони. Притоа, имаме поголем нето ефект за 7-8 проценти споредено со минатата година, со тоа што повратот на ДДВ е поголем за 37 проценти споредено со истиот месец лани. Ова значи дека се работи на намалување на сивата економија и се работи на зголемување на дисциплината – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk