Обвинителите Бурим Рустеми и Лиле Стефанова најавија кривиични пријави за бизнисменот кој се појавува во новата афера наречена „Рекет 2“. Тие сметаат дека бизнисменот лажно ги пријавил оти бил изложен на рекет.
„Република“ му постави неколку прашања на Рустеми. Го прашаа обвинителот како во услови кога предистрагата е тајна тој знае какви докази има во кривичната пријава.
-Знам бидејќи јас го работев предметот и поднесов обвинение против него, вели Рустеми за „Република“
Го прашале и дали со најавата за кривична пријава против подосителот не е е еден вид на закана.
-Не е закана бидејќи е лажна пријава. И тој самиот знае дека пријавата е лажна, убеден е Рустеми.
На прашањето како знае кој е подносителот тој повтори дека го работел случајот и оти оттаму знае кој му ја поднел пријавата.
Рустеми и Стефанова сè уште ја немаат поднесено пријавата која ќе биде за лажно пријавување на кривично дело во случајот „Поштенска банка“.
Лиле Стефанова во неколку наврати при јавни настапи е обвинувана од страна на доскорешниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јове Цветановски дека по избор на државниот обвинител Љупчо Коцевски е избрана да ја води постапката по негова пријава против нив двајца, а токму тие ја водат постапката против Лиле Стефанова и останатите обинители од СЈО, по кривична пријава за незаконска исплата на околу милион евра за „бонуси“ додека биле обвинители во СЈО.
Вон секоја објективност, разум и принципи на правото е обвинителка која е под кривична пријава за незаконско работење да води постапка и го гони вишиот обвинител кој решава за кривичната пријава против неа и колегите од СЈО, меѓу кои и Рустеми.
Дворските игри и тортурата од страна на кланот на СЈО во обвинителството продолжува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата