logo
logo
logo

ЗЕМЈОТРЕС ВО ОКОЛИНАТА НА КИЧЕВО

Vecer | 09.12.2025

ЗЕМЈОТРЕС ВО ОКОЛИНАТА НА КИЧЕВО

Рано утрово во 1:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, поточно во околината на Кичево, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот бил со јачина од 2 степени според Рихтер и на длабочина од 15 километри.

Според ЕМСЦ, епицентарот е лоциран на 15 километри од југозападно од Кичево.

Земјотресот го регистрирал и Институтот за геолошки науки во Тирана, според чии информации, епицентарот е во Општина Дебрца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk