logo
logo
logo

Денеска облачно со ДОЖД И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР, следува ЗАЛАДУВАЊЕ

Vecer | 30.04.2026

Денеска облачно со ДОЖД И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР, следува ЗАЛАДУВАЊЕ

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри дожд на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

„Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 степени, додека дневната ќе достигне меѓу 10 и 18 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите.

И во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северен правец.

„Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени“, соопштија од УХМР.

Од утре до крајот на неделата ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk