logo
logo
logo

Средба Стоилковиќ - Вучевиќ: Бескрајно сме благодарни за подадената рака

Vecer | 17.03.2025

Средба Стоилковиќ - Вучевиќ: Бескрајно сме благодарни за подадената рака

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, г. Милош Вучевиќ. Двајцата соговорници зборуваа за понатамошните чекори, но и можностите за дополнителна помош по трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија 59 лица.

Стоилковиќ воедно му се заблагодари на српскиот премиер Вучевиќ за подадената рака и несебичната поддршка што Србија во согласност со своите можности ѝ ја дава на нашата земја во овие тешки моменти.

„Солидарноста што ја покажува Србија по трагедијата во Кочани е за почит и навистина бескрајно сме благодарни за подадената рака. Благодарни сме што, како и останатите наши соседи, ги ставија на располагање сите свои, пред сѐ, медицински капацитети“, рече по средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ, воедно уште еднаш изразувајќи длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.

„Моите мисли и понатаму се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Сочувство до семејствата на загинатите, молитва за закрепнување на повредените и надежи дека сложно ќе ги ублажиме последиците од оваа трагедија од невидени размери“, истакна Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk