logo
logo
logo

Владата не го поддржува и нема намера да го поддржи маршот, ЌЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ СЕ ДА ПОМИНЕ ВО НАЈДОБАР РЕД

Vecer | 10.12.2025

Владата не го поддржува и нема намера да го поддржи маршот, ЌЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ СЕ ДА ПОМИНЕ ВО НАЈДОБАР РЕД

Владата не го поддржува и нема намера да го поддржи маршот, но секако ќе се погрижи сѐ да помине во најдобар ред, да нема инциденти, да не се случи нешто кое сите ние не сакаме да се случи, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска.

Тој им посочи на новинарите да го прашаат градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, за одлуката да го поддржи протестот за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), во организација на ДУИ, кој ќе се одржи на 13 декември во Скопје.

– Претпоставувам дека таа одлука на Меџити е под притисок на организаторите мислејќи дека ако не го поддржи ќе изгуби политички поени, што мислам дека му е погрешна одлука. Очигледна е намерата дека некој се обидува на овој начин да се мобилизира, тука пред сѐ мислам на ДУИ, на тој начин мисли дека ќе добие повторно некаква поддршка, ќе го мобилизира своите гласачи. Жалам што има и такви кои го поддржуваат овој процес јавно, иако според мене, тоа немаше потреба да се случи. Но, тоа е нивна одлука, не би сакал јас да ја коментирам. Ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ – од прифаќањето на граница до реализирањето и до завршувањето на овој протестен марш, за сѐ да помине во најдобар ред – рече Мицкоски.

Тој додаде дека за ова се информирани и нашите стратешки партнери, кои се запознаени и со сите мерки за безбедност кои ќе бидат преземени.

– Ќе имаме и кризен штаб кој ќе го следи сево ова 24 часа пред да се случи и откако ќе се случи. Обезбедување и испраќање на сите оние кои ќе дојдат на тој настан. Така што како Влада, како држава и како институции ќе ги преземеме сите мерки да не ум успее првичната намера да испровоцираат каква било реакција, која може да има негативни консеквенци, не само за граѓаните туку и за регионот – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk