logo
logo
logo

Завршни зборови во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Vecer | 20.06.2025

Завршни зборови во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржува значајно рочиште поврзано со грабнувањето и суровите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. На рочиштето, завршни зборови ќе даде адвокатот на првообвинетиот, Јовица Страшевски, а потоа ќе се изјаснат и обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Обвинителството побара најстроги казни – доживотен затвор за четворицата обвинети за киднапирање и убиство, а соодветна затворска казна за таткото на Вања, кој е обвинет за помагање при грабнувањето на своето дете.

Одбраната, во своите излагања, наведе дека дел од обвинетите немале договор за извршување на убиствата и затоа побара нивно ослободување или, доколку судот не ги ослободи, да бидат осудени само за киднапирање.

За таткото на Вања, адвокатите потенцираа дека не постојат докази или мотив кои би потврдиле негова вина, истакнувајќи дека тој сам е жртва во трагедијата.

Судењето се ближи кон крајот, а, доколку денешните завршни зборови се одржат според планот, се очекува судот наскоро да ја соопшти пресудата на следното рочиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk