logo
logo
logo

Привремено исклучување на Термоблокот 2 во РЕК Битола поради безбедносен инцидент

Vecer | 18.06.2025

Привремено исклучување на Термоблокот 2 во РЕК Битола поради безбедносен инцидент

Изутринава, автоматски беше исфрлен од електроенергетскиот систем Термоблокот 2 во РЕК Битола, откако се активираше заштитниот систем поради зголемување на температурата и настанување на пожар на дрвени елементи близу ормарот за електронско управување.

Поради основано сомневање за саботажа, веднаш реагираа надлежните екипи согласно безбедносните процедури. Воедно, случајот е предаден на криминалистичката полиција, која врши детална истрага на местото за утврдување на сите околности на настанот.

Откако ќе заврши увидот на полицијата, стручните служби на РЕК Битола ќе започнат со темелна анализа за да се оценат потенцијалната штета и да се утврди точната причина за проблемот со температурата.

Во последно време, производството на електрична енергија во РЕК Битола се одвива со намалени капацитети. Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт, а Термоблокот 3 е надвор од функција поради намалена побарувачка од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Државата ги задоволува потребите за електрична енергија преку засилено производство во хидроелектраните на АД ЕСМ и преку купопродажба на струја од МЕМО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk