Оваа Влада работи по систем на мафија, тие се мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
-Во сета пиар агенда излезе нон пејпер, кој го има куцано Никола Димитров. Еве екслузивно автор е Димитров и зошто го има правено он знае дека има грешки. Но никој не се фати на јадицата. Поголема тема од оваа нема. Луѓето одат да се спасат во болница, а овде поради мафијаши умираат. До денес не објавија ниту колку и кои се починати, посочи Николоски.
Според него концептот е да пробуваат, да се повлекуваат од проекти, но никако да паднат луѓе од нивниот тесен круг.
-Пробаа со законот за марихуана па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште 6 работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе, рече Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата