logo
logo
logo

Инцидент на седница на Советот на Општина Кочани: Спречено насилство и тензија меѓу советници

Vecer | 19.06.2025

Инцидент на седница на Советот на Општина Кочани: Спречено насилство и тензија меѓу советници

На денешната 65-та седница на Советот на Општина Кочани за малку беше избегната физичка пресметка помеѓу советниците. Во текот на расправата за лекувањето на повредените, дојде до остра вербална расправија меѓу советникот Аки Акиов и Мирче Стојков, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нервите попуштија поради разменети навреди, по што Акиов се доближи кон Стојков со намера за физичка пресметка. Благодарение на интервенцијата на градоначалникот, тепачката беше спречена. Сепак, ситуацијата дополнително се искомплицира кога во налет на бес, Акиов фрли шише кое заврши во лицето на една од советничките кои присуствуваа на седницата.

По овие тензични моменти, Стојков беше отстранет од салата, по што седницата продолжи во поумерена атмосфера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk