logo
logo
logo

ЗА ПРАЗНИКОТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Жичарницата ќе работи по вообичаен распоред

Vecer | 05.09.2025

ЗА ПРАЗНИКОТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Жичарницата ќе работи по вообичаен распоред

ЈСП Скопје соопшти дека в понеделник на Денот на независноста 8 Септември, ќе работи по неделен возен ред.

В недела (7.2025 година), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, додека во понеделник (8.09.2025 година), дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар.

Жичарницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот. Последното возење кон врвот ќе биде 19-19.30 часот, а во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

В понеделник (8.09.2025 година), жичарницата нема да биде во функција како и секој понеделник.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk