logo
logo
logo

ОПШТИНА БУТЕЛ ДОБИВА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА, објави градоначалникот Костовски

Vecer | 03.05.2025

ОПШТИНА БУТЕЛ ДОБИВА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА, објави градоначалникот Костовски

ОПШТИНА БУТЕЛ ДОБИВА НОВА ПОЛИКЛИНИКА, ПЛОШТАД, КУЛТУРЕН ДОМ, ЗАТВОРЕН БАЗЕН, НОВИ МОСТОВИ, ГРАДИМЕ И ГО МЕНУВАМЕ ЛИКОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ, објави градоначалникот Дарко Костовски на ФБ.

„Оваа година ќе биде историска година со најголемиот инвестициски бум и со реализација на најдолго очекуваните проекти!

Од Владата на РМ, општина Бутел добива 6 МИЛИОНИ ЕВРА!

Ќе градиме нова модерна поликлиника, нов дом на културата со плоштад, нов затворен пливачки базен, нови мостови, нови спортско-рекреативни центри или вкупно 35 проекти кои се долго очекувани од моите сограѓани.

Ова се проекти со кои аплициравме на јавниот повик за капитални инфраструктурни проекти од страна на Владата.

-Новата модерна поликлиника ќе се наоѓа на ДУП за градска четврт ССИ15, блок 8 и блок 11 и ќе има површина за градење од 2.300 метри квадратни. Ќе биде изградена на два ката со надворешен паркинг простор. Оваа поликлиника ќе обезбеди широк спектар на здравствени услуги за граѓаните на општина Бутел.

-Дом на културата со плоштад веднаш до црквата Свети Јован Крстител. За прв пат општина Бутел ќе добијат свој дом на културата на два ката со вкупна површина од 1.000 метри квадратни. Ново место кое ќе биде симбол на многу манифестации. Целиот простор ќе биде уреден со нов плоштад, фонтана и ново зеленило и ќе зафаќа над 4.000 метри квадратни.

-Затворен пливачки базен во дворот на ООУ “Ацо Шопов” кој ќе ќе биде нова здрава содржина за нашите основци.

-Два нови мостови на река Серава. Едниот на улица 18 на последна 57а, а другиот кај “морски”.

-Три нови спортско рекреативни центри. Продолживаме со нови спортско-рекреативни во населените места Радишани, Бутел и Кучевишка Бара.

-Инвестираме во патната инфраструктура како никогаш до сега. Едни од клучните сообраќајници во сите населени места ќе бидат реконструирани.

-Нови пристапни патеки до сите влезови во населеното место Скопје-Север во должина од 4.500 метри.

-Реконструкција на големиот паркинг во населеното место Скопје-Север, како и уште неколку помали паркинг простори со што значително ќе го подобриме паркирањето во Скопје-Север.

-Потпорен ѕид на улица 50.

И ова се дел од проектите кои ќе го променат изгледот на нашата општина. Ова се проекти кои значително ќе ги подобрат условите за живот, безбедноста и здравјето на граѓаните.

Благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија која ни овозможи да реализираме суштински проекти кои граѓаните на општина Бутел ги очекуваат со децении.

Општина Бутел се менува и развива како никогаш до сега. Ова е уште една потврда дека кога се сака резултатите се видливи. Еднаков рамномерен развој на сите населени места!

Продолжуваме за наша модерна општина Бутел!, објави градоначалникот Костовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk