logo
logo
logo

100 РАБОТНИЦИ ИЗБРКАНИ, ПО 4 НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ, „Баргала“ пред стечај

Vecer | 16.07.2021

100 РАБОТНИЦИ ИЗБРКАНИ, ПО 4 НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ, „Баргала“ пред стечај

Штипска „Баргала“ е пред стечај. Штипскиот суд, по барање на синдикатот отвори предстечајна постапка, откако газдата неосновано отпушти над 100 вработени. Фабриката сега има општа забрана да располага со имотот, а привремен стечаен управник ќе ја оценува состојбата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски вели дека барањето следи по несоодветниот третман на работниците од газдата.

- Тоа се 4 неисплатени плати заклучно со денес, како и блокираните сметки на АД Баргала повеќе од 45 дена…Тоа се случи по барање на нашите членови во ССМ и ние постапивме по барањето и дадовме предлог. На наша среќа или не среќа тоа е прифатено, изјави за Канал 5 Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Но, синдикатите не сакаат фабриката да се затвори. Ќе бараат да се рестартира и сите работници да бидат вратени на работа. Димовски смета дека имаат доволно докази и аргументи да успеат во намерата.

- Ќе има голема работа стечајниот управник бидејќи ние ќе бараме рестартирање, а тоа ќе значи дека стечаен управник ќе треба да обезбеди работа за работничките и таа фабрика од нерентабилна да биде рентабилна, да не ја затвориме и да не дојде до продавање на имотот на фабриката. Интенцијата е да ги задржиме, да ја задржиме фабрика и од таму да ја вадиме нашата егзистенција како работници, додава тој.

А, работењето на „Баргала“ подолг период е под лупа и на УЈП…Директорката Сања Лукаревска претходно кажа дека инспекторите откриле безброј финансиски злоупотреби од големи размери. Но, не само во таа фабрика…Од УЈП најавија дека наскоро ќе излезат и со сите наоди за повеќе фирми најмногу од текстилната и кожарската индустрија кои неосновано испуштаат работници и не исплаќаат плати.

Првото рочиште за „Баргала“ е закажано за 26 август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk