На плажата пред хотелот „Бисер“ кај Калишта, денеска се одржа голема меѓународна еколошка акција за чистење со цел зачувување на природните вредности на Охридското Езеро и подигнување на јавната свест за важноста од грижата и заштитата на животната средина.
Учество зедоа нуркачки клубови и учесници од Република Македонија, како и гости од Србија и Хрватска, кои заедно со волонтери, граѓани, еколошки активисти и љубители на природата, преку конкретна акција дадоа придонес кон зачувување на едно од најголемите природни богатства во регионот.
Учество на акцијата зедоа и членови на клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид

Организатори на настанот беа Нуркачкиот клуб за подводни активности „Езерски Пулс“ и Нуркачкиот клуб „Скаут“ од Струга, кои и оваа година продолжуваат со својата мисија за заштита на природата и подигнување на еколошката свест.
Годинешната е четврта по ред ваква еко-акција, која со текот на времето прерасна во препознатлива меѓународна иницијатива што обединува луѓе со иста цел – чиста природа, чисто езеро и поголема грижа за животната средина. Организаторите упатуваат отворен повик до сите заинтересирани граѓани, нуркачи, спортски клубови, млади, волонтери и сите луѓе со добра волја да им се придружат и да станат дел од оваа позитивна приказна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата