logo
logo
logo

Нов скандал со ИРЛ и лицето С.Ц.: СТОП ЗА КОПРОДУКЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИ ЕМИСИИ НА МРТВ!

Vecer | 05.05.2026

Нов скандал со ИРЛ и лицето С.Ц.: СТОП ЗА КОПРОДУКЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИ ЕМИСИИ НА МРТВ!

Секаде во Европа постои соработка на креативни активисти и држаниот јавен телевизиски севрвис во заедничка копродукција на ТВ програма, од Би-Б-Си во Британија до МРТВ во Македонија, и тоа не е спорно. 

Во пракса копродукцијата се реализира на теми од јавен и национален интерес - најмногу од областа на културата и образованието, а секако и во делот на програма за млади, рекреативниот и младински спорт, здарвството и екологијата. Тоа се содржини кои не се од интерес за профитот на комерцијалните телевизии а имаат свое клучно значење за развој на нацијата и општетството. Во нашиот случај и за исполнување на законската обврска на МРТВ за програма од јавен интерес и национални вредности.

Се што досега МРТВ реализирало по основна копродукција од тие теми има своја програмска и јавна оправданост и секако поддршка од јавноста. Еден од најдобрите телевиски проекти во историјата на македонските телевизии, “Бушава азбука“ е прокет кој треба да служи за урнек, и десетици други од културата, уметноста, националната традиција... какви МРТВ со децении практикува во копродукција со креатавни кадри надвор од куќата.

Но, дали копродукција на политички програми, емисии со политичка содржина и наемна на јавниот ТВ сррвис, финансиран од буџетот, се од интерес за општеството кое е политички поделено и при состојба кога политичките емисии масовно се прикажуваат на комерцијалните телевизии и на социјалните мрежи преку емитување подкасти?

Дали, кога веќе ги, има е случајно што сите копродукциски емисии на МРТВ последниве десет години се од иста политичка страна - емитувани од водители и тимови ИСКЛУЧИВО И САМО од соросоидниот камп на СДСМ како ИРЛ на Сашка Цветковска или 360 степени на Васко Попетревски? Дали е јавен интерес користење на МРТВ за потреби на ЕДНА И САМОЕ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА, онаа на СДСМ, поддржана со пари од буџетот?!

И тоа не е од вчера. Триесет години е така, уште до времето на политичката емисија 'Без наслов но со повод“ емитувана на МРТВ од кадар на соросоидната А1 телевизија во време кога се туркаше црната транзиција, промена на знамето и уставот... Па се до денес.

Тоа се истите автори и тимови за кои, од информации на властите во САД, дознаваме дека ИРЛ на Сашка Цветковска примила само од еден извор над 600.000 евра а Васко Попетревски со неговите 360 степени примил над милион евра од странски извори евра за поддршка на политиката на СДСМ, особено во време на неуспешниот референдум, насилната промена на уставното име и прогоните од вонуставното СЈО, а во последно време со притисок врз владата да се прифати по секоја цена ултиматумот од Бугарија.

Нема јавен интерес од политички емисии во копродукција со “медиумски активисти“ на една политичка партија (СДСМ) платена од буџетски пари. Политиката на една партија не е јавен - туку само нивен политички интерес.

Денес гледаме како тоа функционира

Македонската радиотелевизија ѝ исплатила 150.000 евра плус ДДВ од 18% на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) според копродукциски договор, тврди колумнистот Виктор Грозданов во колумна на Нетпрес. Грозданов вели дека договорот со кој се трошат народни пари го добил од свиркачи.

Според договорот, склучен во ноември 2023 година помеѓу Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија, застапувано од директорот Марјан Цветковски и Здружението на граѓани ИРЛ, застапувано од претедателката Сашка Цветковска, МРТВ и ИРЛ заеднички ќе реализираат 38 емисии од ТВ проектот со наслов „Партнерство за квалитетни реформски процеси преку истражувачко и аналитично новинарство“ – сезона 2.

Тие 38 емисии, според договорот, се: 4 документарни истражувачки филмови (60 минути), 18 поткасти (60 минути) и 16 (шеснаесет) информативни репортажи (8 минути) кои што ќе бидат придружна програма на поткастите.

Документот предвидува дека МРТВ ќе ја емитува продуцираната содржина, а во проектот ќе учествува со 150.000 евра плус ДДВ, кои ќе им ги исплати на ИРЛ.

Исплатата, според договореното, требало да се изврши на 8 рати, во износ од по 18.750 евра во денарска противвредност, плус 18% ДДВ, од кои првата рата било предвидено да се исплати најдоцна до 31.4.2024 година, а последната најдоцна до 31.12.2025 година.

Според договореното, ИРЛ требала да ги подготви и да го реализира процесите на предпродукција, продукција и постпродукција, односно да ги подготви договорените содржини и да ѝ ги достави на МРТВ. Националниот сервис, пак, имал обврска на ИРЛ да ѝ обезбеди телевизиско студио, да ги исплати парите и да ги емитува содржините.

И, на крај, сканадал над скандалот. Од 4-5 емисии на ИРЛ за две Сашка Цетковска и ИРЛ добиле правислина пресуда за клевета а за третата судењето е во тек. Никако, во никој случај, не смеело да се дозволи политичка емисија која добила две правосилни пресуди во така кус рок за ширење лажни вести, за клевета, да продолжи и понатаму туку, согалсно јавниот интерес на кој МРТВ се обврзани, веднаш морала да се симне од програма и да ги врати парите кои авансно им се исплатени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk