logo
logo
logo

Мицкоски во Трубарево: АКО МЕНЕ МЕ ПРАШАТЕ УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТЕЛЕ НЕ СЕ СООДВЕТНИ

Vecer | 14.09.2025

Мицкоски во Трубарево: АКО МЕНЕ МЕ ПРАШАТЕ УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТЕЛЕ НЕ СЕ СООДВЕТНИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани. 

Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што нагласи, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.

Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори. Некој има интерес од тоа.

Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.

Мицкоски истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации ќе можеле да се спречат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk