logo
logo
logo

Мицкоски: Струмица е град на ГУРУТО НА ФИЛИПЧЕ, но времињата се менуваат, народот ќе победи

Vecer | 05.10.2025

Мицкоски: Струмица е град на ГУРУТО НА ФИЛИПЧЕ, но времињата се менуваат, народот ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем број, знам дека тука ќе победиме. А ќе победиме затоа што Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја заробија во она што се вика фамилија која го запоседна градот. Ја заробија во еден затворен круг на фирми, луѓе, поединци и бизниси кои живеат на грбот на струмичани. Тие станаа милионери, народот остана сиромашен. Тие градат згради во Дубаи, народот остана разочаран, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.

Според Мицкоски предолго траеше овој процес, предолго беа заробени надежите, среќата и очекувањата на луѓето, им беше одземено правото на иднина.

„И на овој зачаран круг сега му дојде времето на промените. А промените овде се природен процес, последица и рефлексија – одговор на народот на она што го видел и претрпел низ годините. Од тука, од Струмица, со години се водеа најголемите зделки што ја уништуваа Македонија. Од тука тргнуваа политичките комбинации што ја оставија државата заробена и граѓаните разочарани. Ова е градот на гуруто на Филипче, човекот кој ја симболизираше целата таа мрежа на криминал, корупција и лични интереси.

Денес, неговиот наследник Венко Филипче често доаѓа овде – не за да понуди визија за иднината, да земе инструкции од Заеви. Нè убедуваа дека ова е непобедливо упориште на СДСМ, дека тука нема промени. Но времињата се менуваат. Еве нè, тука исправени со вас, од убавата и горда Струмица. Дојде денот кога тие ќе паднат, а народот ќе победи. Струмица ќе победи“, кажа Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk