logo
logo
logo

ПРАВДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УЦЕНУВА СО УЛИЦА – Ахмети се крие зад партиски знамиња

Vecer | 02.05.2025

ПРАВДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УЦЕНУВА СО УЛИЦА – Ахмети се крие зад партиски знамиња

Легитимно е да се протестира. Но, очајно е и опасно да се закануваш дека „нема да се вратиш од улица“ затоа што поранешен министер – кој е потенцијално одговорен за смртта на 62 млади животи – ќе биде обвинет. Да повикуваш на предвремени избори заради покрената истрага за трагедија од таков размер – не е ништо друго освен бегање од одговорност, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Добро луѓе, има ли некој во Македонија што не сака да се расчисти случајот до последен, до најситен детал? И сите инволвирани да одговараат, без разлика на функцијата или презимето? Дали смееме да дозволиме Ахмети да ги користи емоциите како штит за својот сопартиец, ставајќи ја партијата над правдата? Што е тоа што го тера Ахмети да се плаши од вистината? Зошто би му пречела истрагата ако е уверен дека неговите не се виновни? И конечно – зошто пратеникот Ахмети ја доведува во корелација одлуката на Јавното обвинителство со предвремени избори? Што се смени за година дена во односот на пратеникот Ахмети кон ЈО Коцевски кому со лично гласање му даде поддршка за избор за Јавен обвинител? – вели Ковачки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk