logo
logo
logo

Перински во Гостивар:

Со изменет закон до поодговорни градоначалници и посреќни граѓани

Vecer | 03.02.2025

Со изменет закон до поодговорни градоначалници и посреќни граѓани

Во Гостивар се одржа третиот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.

Настанот е дел од циклусот активности насочени кон зголемена транспарентност и отчетност на локалните единици, унапредување на учеството на граѓаните во креирањето на локалните политики, воведување на комунални редарски служби и развој на недоволно развиени подрачја.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека целта на измените на законската рамка е да се зголемат демократските капацитети на локалните самоуправи и на граѓаните, што е во интерес на сите и оцени дека јавните дебати се исклучително битни со оглед на тоа дека можност за предлози и сугестии имаат сите засегнати страни, почнувајќи од градоначалниците, па сѐ до граѓанскиот сектор, односно граѓаните.

Во моментот сме сведоци, за среќа на мал број градоначалници, кои се однесуваат девијатно и ја злоупотребуваат довербата добиена од граѓаните. Сметам дека сме на добар пат за креирање на многу квалитетно и издржано законско решение, кое во периодот што следи ќе одговори на потребите и на локалните самоуправи и на граѓаните“, истакна Перински, кој посочи дека законските реформи ќе бидат усогласени со позитивните европски практики применливи кај нас. 

Професорот Мемет Мемети, кој е дел од експертската група, оцени дека преку јавните дебати ќе се подготви законско решение кое ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе придонесе кон посилни и поавтономни општини.

Професорот Александар Спасеновски, истакна дека Македонија веќе има воспоставен и функционален систем на локална самоуправа, но сепак, неопходна е негова постојана еволуција и приспособување кон новите предизвици и потреби. 

Затоа, преку еден широк и консултативен процес, во кој се вклучени сите релевантни актери – научната заедница, локалните власти и граѓанскиот сектор – се стремиме да изнајдеме решенија кои ќе го надградат постојниот систем и ќе го направат уште поефикасен, потранспарентен и подобро прилагоден на современите потреби на општините и граѓаните“, изјави Спасеновски.

Домаќинот на настанот, в.д градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, ја поздрави иницијативата за отворање на Законот и изрази поддршка за планираниот механизам за отповик на градоначалниците.

Консултативната средба беше организирана од Министерството за локална самоуправа, со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од УНДП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk