logo
logo
logo

Еве колку ќе биде ПОСКАПА СТРУЈАТА ВО ИДНАТА ГОДИНА

Vecer | 27.11.2025

Еве колку ќе биде ПОСКАПА СТРУЈАТА ВО ИДНАТА ГОДИНА

ЕСМ за следната година ќе му продава поскапа електрична енергија на ЕВН Хоме за задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Универзалниот снабдувач попладнево објави дека прифатената цена на тендерот е 65 евра за мегаватчас. Досегашната цена беше 62 евра по мегаватчас.

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас“,објави компанијата.

Сега на потег е Регулаторната комисија за енергетика, од каде треба официјално да биде потврдено евентуалното поскапување на електричната енергија за крајните корисници, откако ќе се соберат сите параметри- цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на ЕВН Електродистрибуција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk