logo
logo
logo

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 07.01.2026

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ

„Христовото раѓање е вечен симбол на надежта, светлината и победата на доброто над темнината. Овој голем христијански празник не потсетува на суштинските вредности врз кои се гради едно силно и стабилно општество семејството, почитта меѓу луѓето, солидарноста и заемната одговорност. Божиќ не повикува да се вратиме кон човечноста, моралот и духовните вредности кои не обединуваат.

Во време на предизвици пораката на Божиќ е потсетник дека само преку единство, правда и меѓусебно разбирање можеме да одиме напред. Таа не охрабрува да не се откажуваме, да веруваме во подобро утре и да вложуваме во општество во кое секој човек ќе има достоинствен живот.

ВМРО-ДПМНЕ посакува овој светол празник да ги исполни вашите домови со топлина, мир, хармонија и семејна радост, и да ја пренесе радосната и вечна порака: Христос се роди!

Но, во духот на празникот, да не ја заборавиме нашата обврска кон оние на кои им е најпотребна помош и поддршка, да им подадеме рака, да покажеме грижа и солидарност и да докажеме дека сме општество кое знае да стои заедно и во радост и во тешки времиња.

Само со чесен труд, искрена работа, одговорност и цврста вера во Бога можеме да изградиме праведно и просперитетно општество и да го подобриме животот на сите граѓани на Македонија.

Нека е честит и вечен Божиќ, празник на надежта и спасението.

Да е вечна Македонија!

Христос се роди!

Навистина се роди!“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk