logo
logo
logo

Жител на Неготино под истрага за снимање воени активности на „Криволак“

Vecer | 16.04.2026

Жител на Неготино под истрага за снимање воени активности на „Криволак“

Дваесет и едногодишен жител на Неготино е осомничен дека снимал воени активности на армискиот полигон Криволак и ги објавил на социјална мрежа.

Од СВР Велес информираа дека со лицето бил извршен службен разговор откако се појавиле сомнежи дека неовластено фотографирал и снимал возила во конвој на Армија на Република Северна Македонија.

Според полицијата, снимките биле јавно објавени на социјална платформа, со што, како што наведуваат, можела да се наруши безбедноста и тајноста на активностите што ги реализира Армијата.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk