logo
logo
logo

Ова е ЛИСТАТА НА 479 ФИРМИ кои по контролата останале БЕЗ ПРАВО НА ГРАДЕЖНО И УРБАНИСТИЧКО РАБОТЕЊЕ

Vecer | 25.03.2025

Ова е ЛИСТАТА НА 479 ФИРМИ кои по контролата останале БЕЗ ПРАВО НА ГРАДЕЖНО И УРБАНИСТИЧКО РАБОТЕЊЕ

Министерството за транспорт во рамки на своите надлежности врши ад хок контрола на издадените лиценци и дозволи за работа во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање.

Од досегашните контроли на над 3100 лиценци се констатира следната состојба:

Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

на 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија

на 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,

на 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,

на 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,

на 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,

на 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,

на 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,

на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,

на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,

на 2 правни лица лиценца управител на градба

на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.

Ве информираме дека и во следниот период Министерството за транспорт ќе продолжи со конторолите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности со цел да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата и да се овозможи рамноправност за сите правни лица.

Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции со цел за понатамошни постапки.

На овој линк може да се видат детали од листата: 

https://mtc.gov.mk/vesti/Lista-na-pravni-litsa-za-odzemanje-na-litsentsi-vo-vo-delot-na-gradezhnoto-rabotenje-i-urbanistichko-planiranje

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk